Добредојдовте во Виртуелната берза!

Виртуелната берза претставува игра на знаење преку која учесниците стекнуваат искуство од областа на тргувањето со хартии од вредност. Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат и продаваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра има за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголем профит при тргувањето во виртуелниот берзански свет. Воедно, учесниците во играта имаат можност да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.

Услови за користење

Македонската берза е креатор на играта Виртуелна берза. Сите права над играта се сопственост на Македонската берза АД Скопје. Македонската берза не одговара за евентуално настаната штета или загуба при инвестирање во хартии од вредност за кои се одлучил корисникот врз основа на информации или податоци добиени од тргувањето на Виртуелната берза.

Информациите за хартиите од вредност на Виртуелната берза се од информативен карактер и Македонската берза не ја гарантира нивната точност и правовременост.

Македонската берза го задржува правото да го отстрани од игра оној корисник за кој, по сопствена анализа, ќе оцени дека манипулира или го крши духот на играта или оној корисник чие корисничко име се смета за недолично.

Македонската берза во било кое време може да ја прекине или згасне играта или да оневозможи делумна или целосна конекција до играта на корисниците по сопствена дискреција.

Македонската берза го задржува правото на промена на листата на хартии од вредност што ќе се тргуваат на Виртуелната берза. Берзата, исто така, го задржува правото на промена на правилата на оваа игра за што корисниците ќе бидат благовремено известени.