Добредојдовте во Виртуелната берза!

Виртуелната берза претставува игра на знаење преку која учесниците стекнуваат искуство од областа на тргувањето со хартии од вредност. Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат и продаваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра има за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголем профит при тргувањето во виртуелниот берзански свет. Воедно, учесниците во играта имаат можност да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.

Наградна игра

Овогодинешниот шестти циклус на наградната игра на Виртуелната берза ќе започне на 15.11.2018 година и ќе трае заклучно со 30.06.2019 година по што ќе следи прогласување на тројца најуспешни учесници коишто имаат остварено најголема вредност на своето портфолио.

Доколку сакате да се вклучите во наградната игра и да бидете еден од потенцијалните добитници на наградите што ќе ги додели Македонската берза регистрирајте се за учество во истата преку полето за регистрација на почетната страна.

При регистрацијата потребно е да ги наведете Вашите точни контакт податоци за да можеме да Ве контактираме.

Вработените во Македонската берза и во членките на Македонската берза не можат да бидат добитници на една од наградите.

НАГРАДИ

што ќе ги додели Македонската берза

За освоено I место

- Годишна претплата на продуктот Бестнет за следење на тргувањето на Берзата во живо

- Посета на една од обуките во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза (по избор на добитникот)

- Прирачник за тргување со хартии од вредност

За освоено II место

- Годишна претплата на продуктот Бестнет за следење на тргувањето на Берзата во живо

- Прирачник за тргување со хартии од вредност

За освоено III место

- Посета на една од обуките во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза (по избор на добитникот)

Доколку добитниците на првата, втората или третата награда се студенти на додипломски или постдипломски студии, Македонската берза ќе им овозможи едномесечна пракса.